Цртаните не се само за деца - Кратки анимирани филмови кои ќе ви го исполнат срцето
На сите ни требаат многу насмевки, а понекогаш и малку солзи за да го протуркаме денот. Сите сме луѓе и нашите емоции се исти. Имаме подеми и падови, носиме добри одлуки или пак правиме грешки.
Овој пат за вас имаме 10 кратки анимирани филмови со силни пораки кои докажуваат дека цртаните не се наменети само за децата. Ќе се насмеете, ќе заплачете, ќе уживате.
Целосно достапни за гледање, срцето ќе ви се исполни од:
Purl (2019)
Топче од розова волница по име Purl доаѓа на новото работно место. Машките колеги не ја сфаќаат сериозно и таа решава да се смени. Овој цртан особено ќе им се допадне на жените кои најчесто работат во машки тимови.
Bao (2018)
Жена конечно добива шанса да биде мајка. Но, новата улога на мајчинство се покажува како не толку лесна задача. Еден ден сепак малото галениче мора да го напушти домот…
https://www.youtube.com/watch?v=OY2b9YI0i0I
Up „Married Life“ (2019)
Во чест на Свети Валентин, студиото Пиксар го издаде краткиот анимиран филм инспириран од цртаниот UP!, односно од љубовната приказна на Карл и Ели. Црно-белите цртежи одат паралелно со пригиналната епизода која ќе ве исполни со надеж дека вистинската љубов сепак постои.
Alike (2015)
Овој прекрасен цртан ја покажува врската помеѓу таткото и синот и насоките во кои бираме да се одвиваат нашите животи. Прекрасен потсетник што се случува кога забораваме на соништата и не си ја цениме доволно слободата.
Pharaoh (2018)
Во дрвениот Египет владее млада девојка - фараон, која мора да се соочи со носењето на тешки одлуки. Но, можеби доколку им дадеме повеќе слобода на жените да владеат, ќе има помалку војни, неправди и суровост во светот, нели?