Цртаните не се само за деца - Кратки анимирани филмови кои ќе ви го исполнат срцето
Blind Vaysha (2016)
Работен според приказна на бугарскиот автор Георги Господинов, овој цртан ја следи приказната на девојчето која го гледа минатото со левото око, а иднината со десното. Таа не може да живее во сегашниот миг, а нам ни останува само да размислиме дали и ние навистина постапуваме вака.
https://www.youtube.com/watch?v=Tsa6jM5Hvy8
Head Over Heels (2012)
Волтер и Магда одамна се имаат оддалечено еден од друг. Тој живее на подот, а таа на таванот. Кога тој се обидува повторно да ја пронајде љубовта, двојката мора да пронајде начин и да ги премине препреките.
Lavatory - Lovestory (2007)
Љубовна приказна која се одвива на едно од најнеобичните и најчудните места - јавен тоалет. Во неа ќе се препознаат обични луѓе кои живеат во својот мал свет со своите контрадикторни чувства, не обрнувајќи внимание на убавите работи кое може полека да ги одминат.
Spellbound (2016)
Малата хероина во овој кус анимиран филм ќе успее да се оттргне од канџите на завидливоста и да ги препознае своите вистински чувства. Одлична лекција за сите генерации од која може да научиме многу.
Otto (2015)
Жена којашто не може да има деца го краде имагинарното другарче на едно мало девојче и го крие од нејзиниот сопруг. Но, како што новата мајка ужива со своето замислено детенце, празнината помеѓу неа и сопругот се продлабочува сè повеќе.
(О)Милена | Црнобело