10 најдобри филмови од Кански филмски фестивал 2019
Канскиот филмски фестивал започна на 14, а ќе трае до 25 мај. Ова е 72 издание на престижниот фестивал посветен на седмата уметност, а оваа година претседател на жирито е мексиканскиот режисер, сценарист и продуцент Alejandro González Iñárritu, познат по филмовите 21 Grams, Babel, Birdman и уште многу други.
Кои филмови вреди да ги изгледате од овогодишниот Кански?
The Dead Don’t Die
Номиниран за Златна палма под режисерската палка на Џим Џармуш, филмот има собрано неверојатна актерска екипа: Бил Мареј, Адам Драјвер, Клое Севињи, Тилда Свиндон. Мирниот град Сентервил се соочува со зомби напад, кога мртвите неочекувано стануваат од нивните гробови.
Rocketman
Елтон Џон и неговиот партнер Дејвид Фурниш се продуценти на филмот, што значи дека е одобрен од самата ѕвезда од којашто потекнува инспирацијата. Етикетирана како „музичка фантазија“ која ја обработува фантастичната приказна на Елтон Џон низ годините, оваа драма со биографски елементи е зачинета со музика и фантазија која нема да ве остави рамнодушни.
An Easy Girl (Une fille facile)
Наима е 16-годишна девојка која живее во Кан. Таа нема идеја што сака да прави во животот и си дозволува да ужива во летото додека не се одлучи. Но, со пристигнувањето на нејзината братучетка Софија која има прилично атрактивен начин на живот, погледите на Наима се менуваат. Двете поминуваат едно незаборавно лето во животот.
Diego Maradona
Документарниот филм за една од најголемите фудбалски ѕвезди на сите времиња Диего Марадона е склопен од речиси 500 часови невиден фото и видео материјал досега, со акцент на неговиот професионален ангажман за италијанскиот Наполи во ’80-тите.
Too Old To Die Young
Ова е првата ТВ серија која успеала да стигне до Канскиот фестивал. Too Old To Die Young е во продукција на Амазон, а го истражува криминалното подземје на Лос Анџелес, преку интересно и необично портретирање на главните ликови и нивните животни приказни.