10 филмови кои ќе ви го поправат и најлошиот ден
Sing (2016)
Театарот на Бастер Мун пропаѓа и му се заканува затворање. И покрај неговите измамнички обиди тој не може да пронајде решение, сè додека не организира натпревар за пејачи-аматери за чиј победник ветува огромна награда.
Mr. Church (2016)
Филмот ја раскажува приказната за необичното пријателство помеѓу талентираниот готвач, г. Чрч и мало девојче кое живее со нејзината болна мајка. Договорот кој треба да трае само 6 месеци продолжува цели 15 години, создавајќи пријателство кое е еднакво на семејство.
A Man Called Ove (2015)
Уве е стар вдовец со прилично лош карактер и темперамент и го тормози целото соседство. Тој веќе ги има кренато рацете од сопствениот живот и се чини дека единствената цел е да им го направи мизерен на останатите околу него, сè додека не се всели новото бучно семејство веднаш до него.
Song of the Sea (2014)
Бен, младо момче од Ирска и неговата мала сестричка која има способност да се трансформира во фока, тргнуваат на заедничка авантура со цел да ги ослободат самовилите и да го спасат нивниот свет.
Man Up (2015)
Ненси по грешка завршува на нечиј туѓ слеп состанок. Но, она што започнува без некои поголеми очекувања се претвора во вистинска привлечност и љубов.
(О)Милена | Црнобело