10 филмови кои ќе ви го поправат и најлошиот ден
Дали имате чувство дека го проживувате најлошиот ден, недела или година можеби? Сите имаме лоши периоди во кои радо би се пикнале во креветот и би се покриле преку главата, додека не дојде крајот на светот.
Сепак, добрите филмови имаат моќ да ви го променат расположението.
Ние имаме 10 предлози кои ќе успеат да ви го поправат и најлошиот ден:
The Guernsey Literary and Potato Peel Pie Society (2018)
Непосредно по завршувањето на Втората светска војна, млада писателка се здружува со жителите на островот Guernsey и решава да напише книга која ќе ги раскаже нивните искуства и преживувања за време на војната.
Wonder (2017)
Оги Пулман се родил со деформирано лице кое го крие под огромна кацига. Тој избегнува да контактира со светот, а мајка му се грижела за неговото образование. Но, наскоро тој мора да тргне во петто одделение во јавно училиште и да се соочи со светот и сопствените физички недостатоци.
Hidden Figures (2016)
Работен според вистинска приказна, филмот ја следи приказната на женски математичарки – Афроамериканки, кои ќе одиграат значајна улога во НАСА за време на почетните години од развојот на вселенската програма.
A Street Cat Named Bob (2016)
Снимен според интернационалниот бестселер, Џејмс Бовен е уличен музичар и поранешен наркоман кој е во фаза на рехабилитација. Неговиот живот се менува на подобро во моментот кога ќе го сретне црвенорусиот мачор кој ќе го крсти Боб.
This Beautiful Fantastic (2016)
Бела е необична млада жена која сонува да стане писател на книги за деца. Таа ќе оформи неочекувано пријателство со богат, стар вдовец.