Виолетова брада, пресечен нос: Како изгледаат ликовите од Game of Thrones во серијата, а како во книгите?
Тирион Ланистер нема само гребаница на лицето, туку носот му е целосно пресечен, а Дарио Нахарис има виолетова брада – колку се различни ликовите во серијата и во книгите?
Во пресрет на последната сезона од Game of Thrones која сите со нетрпение ја очекуваат, ве потсетуваме на ликовите од серијата, но споредени со изгледот на истите според описот во книгите.
Серијата е адаптација на серијата романи од Џорџ Р.Р. Мартин, A Song of Ice and Fire, а иако кај некои има мали разлики, сепак дел од ликовите се поинаку претставени за разлика од нивниот оригинален опис во книгите.
Доколку сте ја гледале само серијата, веројатно ќе се изненадите од разликата во изгледот на ликовите.