10 продолженија на популарни филмови кои се снимаат во моментов и ги очекуваме со нетрпение
Филмската индустрија работи со полна пареа, но се чини дека понекогаш големите продуцентски куќи немаат многу нови идеи, или пак сакаат да заработат на нешто што се покажало како мошне успешно.
Работејќи по добро проверен рецепт, во продукција се неколку филмски продолженија на мега популарни филмови, а дел од нив ќе ги видиме уште оваа година:
Maleficent: Mistress of Evil (2019)
Анџелина Џоли и Ел Фенинг повторно се враќаат во своите препознатливи улоги на Малефисент и принцезата Аурора. Премиерата е закажана за 18 октомври, 2019 година.
Mulan (2020)
Филмуваната верзија на познатиот цртан филм од 1998 година ја прикажува девојката воин Мулан, која маскирајќи се во машко се приклучува кон кинеската војска. Премиерата е закажана за 27 март, 2020 година.
https://www.instagram.com/p/Bcb9drxHUGm/?utm_source=ig_embed
Jumanji 3 (2019)
По огромниот успех на Jumanji: Welcome to the Jungle од 2018 година, објавено е дека се снима и трет дел од филмската франшиза за популарната игра. Премиерата е закажана за декември, 2019 година, а се очекува сите од вториот дел да ги репризираат своите улоги. Во очекување на официјалниот трејлер…
Avatar 2,3,4 и 5 (2020 -)
Аватар е сè уште во првите 2 филмови со најголема заработувачка на глобално ниво, а можеме да очекуваме дури 4 продолженија на филмот. Режисерот Џејмс Камерун потврди дека истовремено ги снима вториот, третиот, четвртиот и петтиот дел за сините вонземјани.
Премиерата на Аватар 2 е закажана за 2020 година, а останатите делови ќе се објавуваат секоја наредна година. Главните улоги ќе ги репризираат Зои Салдана и Сем Вортингтон.
IT: Chapter 2 (2019)
Морничавата сага за кловнот Пенивајз повторно ќе оживее на филмското платно. Дејствието е сместено 27 години подоцна од настаните кои се одвиваа во римејкот од 2017 година. Членовите на „Лузерскиот клуб“ се веќе пораснати и речиси ги имаат заборавено страшните настани од минатото, кога еден телефонски повик ќе смени сè.
Премиерата е закажана за 6 септември оваа година, а во главните улоги се Џесика Честејн и Џејмс Макавој. Сè уште не е објавен официјалниот трејлер за филмот, кој и овој пат го потпишува режисерот Andy Muschietti.