Филмови за кои ќе ви треба силен желудник да ги „сварите“
Oldboy (2003)
Дае-Су е киднапиран и заробен 15 години. Тој одеднаш е ослободен и дознава дека има само 5 дена на располагање да ги пронајде неговите киднапери.
https://www.youtube.com/watch?v=PArwr-HiU_Y
The Last House on the Left (2009)
Една банда ќе киднапира и брутално ќе нападне и силува две девојки. Во текот на вечерта момците наоѓаат засолниште во домот кој им припаѓа на родителите на едната девојка. Спојувајќи два со два, родителите започнуваат да смислуваат план за одмазда.
Martyrs (2008)
Млада жена е во потрага по луѓето кои ја киднапирале и мачеле додека била мала. Нејзината пријателка, која исто така е жртва на злоупотребa ѝ прави друштво за време на патувањето кое ќе се претвори во вистински мал пекол.
Eden Lake (2008)
Стив и Џени одбиваат што било да им го расипе нивниот романтичен викенд, особено не банда на млади белјаџии кои доаѓаат да им го нарушат мирот. Тие мора да се соочат со противниците, а последиците се страшни и брутални.
Sleepers (1996)
Една мала, невина шега на неколку момчиња тргнува наопаку и групата е испратена во казнено-поправен центар. Момчињата се подложени на психичка, физичка и сексуална тортура од страна на чуварите. 13 години подоцна, момчињата ја добиваат својата шанса за одмазда.
(О)Милена | Црнобело