Филмови за кои ќе ви треба силен желудник да ги „сварите“
Филмовите кои се особено тешки и мачни за гледање не секогаш подразбираат изданија од жанрот хорор, сериски убијци или многу крв.
Понекогаш може да станува збор за психотична драма, турбулентна акција или пак документарен филм базиран на реални настани кои може длабоко да ве потресат.
Во секој случај, потребни ќе ви бидат нерви и силен желудник да ги сварите следните 10 филмови:
Leaving Neverland (2019)
Речиси и не постои човек кој не е обожавател на кралот на поп музиката, Мајкл Џексон. Но, дали ќе го задржите истото мислење за него откако ќе го изгледате „Leaving Neverland“?
Најновиот документарен филм во два дела содржи експлицитни сведоштва на двајца мажи кои тврдат дека пејачот сексуално ги злоупотребувал додека биле мали.
An American Crime (2007)
Родителите на Силвија и Џени заминуваат на патување и ги оставаат на чување кај Гертруда, разведена мајка со неколку деца.
Таа ќе почне да го истура сиот свој гнев врз Силвија, заробувајќи ја во подрумот и подложувајќи ја на психичко и физичко малтретирање, додека нејзините деца го следат примерот од мајка си. Снимен според вистински настан.
A Serbian Film (2010)
Милош е поранешна порно ѕвезда кој е убеден од страна на млад и ексцентричен режисер да го направи „последниот уметнички филм од нов жанр“ пред да се пензионира. Тој нема никаква идеја дека е вовлечен во бизарно сценарио кое вклучува некрофилија и педофилија во која мора да учествува.
https://www.youtube.com/watch?v=eti8DMptId0
I Spit On Your Grave (2010)
Џенифер е млада писателка која најмува изолирана колиба во шумата со цел да му се посвети на пишувањето. Tаа е нападната и малтретирана од страна на локална банда, која брутално ја повредува и силува. Тие мислат дека таа е мртва, но Џенифер се враќа со план за одмазда.
Teeth (2007)
Дон е средношколка која е прилично инволвирана во училишните активности. Таа го запознава Тоби и двајцата започнуваат да чувствуваат неверојатна привлечност еден кон друг, сè додека не открие дека нешто чудно се случува со нејзиното тело.
https://www.youtube.com/watch?v=J-qd-k0Vg7s