Најдобрите филмови што не беа номинирани за Оскар 2019, а вреди да ги изгледате
Private Life
Можеше да биде номиниран за: Најдобар режисер, Најдобро оригинално сценарио, Најдобра актерка во главна улога (Kathryn Hahn) и најдобар актер во главна улога (Paul Giamatti).
Брачна двојка во подоцнежните години се обидува да има дете. Додека нивниот свет се преплавува со сложените процедури за посвојување и борбата со неплодност, тие се обидуваат да го зачуваат бракот во сето тоа лудило.
Support the Girls
Можеше да биде номиниран за: Најдобра актерка во главна улога (Regina Hall), Најдобра актерка во споредна улога (која било од актерките кои ги толкуваат споредните улоги).
Лиса е генералниот менаџер во бар каде што девојките коишто служат се намерно облечени оскудно и многу провокативно. Таа е заштитнички настроена кон нив, но случувањата ќе ја натераат да го преиспита сопствениот оптимизам.
Widows
Можеше да биде номиниран за: Најдобра актерка во главна улога (Viola Davis), Најдобар актер во споредна улога (Daniel Kaluuya) или (Brian Tyree Henry), Најдобра кинематографија.
За време на вооружен напад во Чикаго и полициската престрелка, 4 крадци се убиени. Нивните вдовици – Вероника, Линда, Алис и бел немаат ништо заедничко, освен што сите 4 ги наследуваат долговите од нивните мажи-криминалци.
Sorry to Bother You
Можеше да биде номиниран за: Најдобро оригинално сценарио, Најдобра оригинална песна.
Во алтернативна реалност на денешницата, Касиус Грин од Калифорнија открива магичен клуч кој му носи материјални добра и слава.
Eighth Grade
Можеше да биде номиниран за: Најдобар режисер, Најдобро оригинално сценарио, Најдобра актерка во главна улога (Elsie Fisher), Најдобар актер во споредна улога (Josh Hamilton).
Кејла е интровертна тинејџерка која се обидува да ја преживее последната недела од осмото одделение, пред да го започне средното училиште.
(О)Милена | Црнобело