Мистериозни пожари, натприродни сили, клетви - Страшни работи кои се случиле на снимање на хорор филмовите
Rosemary’s Baby (1968)
Настаните кои се случиле за време на снимањето на овој култен хорор филм почнале веќе при почетокот на снимањето. Вилијам Касл, продуцентот на филмот, за време на подготовките за снимањето доби анонимно писмо во кое пишувало: „Полека пропаѓај со долга и болна болест“.
Недолго потоа, Касл завршил во болница, каде бил опериран, а лекувањето траело со месеци. Но тоа не е сè. Кристоф Комеда, композиторот на музиката за филмот, почина од хематом на мозок.
Можеби најстрашната трагедија го погоди режисерот на филмот, контроверзниот Роман Полански, чија бремена жена, Шерон Тејт, била убиена од семејството Мансон. Исто така, познатиот битл, Џон Ленон, бил убиен пред зградата каде е сниман филмот.
Psycho (1960)
„Psycho“ е ремек делото на Алфред Хичкок. Но зад овој култен филм се крие трагична и мрачна приказна. За време на снимањето, Мира Џонс (двојничката на главната актерка Џенет Ли) била убиена.
Убиецот, Кенет Дин Хант, кој исто така работел на филмот, ѝ кажал на полицијата дека го сторил тоа за да го импресионира режисерот, тврдејќи дека бил опседнат со озлогласениот Хичкок.
По бесмисленото убиство, Алфред Хичкок го собрал екипажот околу него и рекол: „Се чини дека сега имаме целосна мотивација, која ни е потребна, за да го завршиме овој филм“.
The Omen (1976)
„The Omen“ беше еден од најпопуларните и највлијателните филмови на 1970-тите. Но приказната за младото момче по име Демиен, речиси не беше завршена поради проклетството кое го опфати снимањето на филмот.
Трагедијата започна со самоубиството на синот на главниот актер, Грегори Пек, еден член на екипажот бил сериозно повреден во сообраќајна несреќа, додека возел кон сетот, а авионот на сценаристот бил погоден од молња, додека летале кон локацијата на филмот.
Уште побизарно е што авионот во кој патувал Пек, исто така бил погоден од молња. Но најголемата трагедија допрва требала да се случи.
Екипажот одлучи да користи приватен авион за да премине од една локација до друга. Веднаш откако полета, авионот се урна на патот, удирајќи автомобил, кој потоа се урна во друго возило. Вкупно 11 лица загинале во оваа несреќа.
Ашера | Црнобело