Мистериозни пожари, натприродни сили, клетви - Страшни работи кои се случиле на снимање на хорор филмовите
Сите обожаватели на хорор жанрот ќе се сложат дека уживаат во страшните сцени, кои го подигаат адреналинот. Колку и да уживаме во приказната, било да е психолошка, возбудлива или акциона, стравот го оставаме зад себе, во кино салите, понекогаш во соништата.
Но во некои случаи, настаните кои се случиле на снимањето на хорор филмовите можат да бидат пострашни од измислените приказни. Всушност, при снимањето на многу од најуспешните хорор филмови се случувале неколку навистина страшни и ужасни работи.
Понекогаш, во овие инциденти била вклучена и вистинска смрт. За кои филмови поточно станува збор? Читајте, ако се осмелувате.
The Possession (2012)
Филмот „The Possession“ е неконвенционален хорор филм, во кој се зборува за јудаизмот и проколната кутија „Dybbuk“ која се приврзува за една млада девојка.
Некои од чудните работи што се случиле на сетот на филмот вклучуваат светла кои се палат и гасат, без очигледна причина, проток на воздух во затворени соби и слично.
Но најстрашниот инцидент се случи кога се запали и изгоре објектот за складирање (каде се наоѓаа сите реквизити). Според истрагата на пожарникарите и полицијата не е пронајдена причина зошто се случило ова.
Тогаш, што го предизвика пожарот? Се чини дека ќе остане мистерија.
The Conjuring (2013)
Овој познат хорор филм многумина гледачи го сметаат за еден од пострашните нови хорор филмови. Филмот е базиран на вистинска приказна за семејството Перон, кое доживеало необјаснети феномени во нивниот дом во Роуд Ајленд во 1970-тите. Неколку членови на семејството, всушност, го посетиле сетот на филмот за време на снимањето.
Според луѓето кои биле присутни на снимањето околу семејството Перон секогаш дувал силен ветер. Само неколку дена подоцна, хотелот во кој актерите и филмската екипа престојувале, се запалил, по што сите биле евакуирани.
Вера Фармига, актерката која ја играше главната улога во филмот, одбивала да го земе сценариото дома, бидејќи се чувствувала непријатно. Таа, исто така, не можела да го чита сценариото навечер, бидејќи останувала парализирана од страв секогаш кога би се обидела да чита. Сугестија или нешто натприродно?
Twilight Zone: The Movie (1983)
Вик Мороу бил убиен на снимањето на филмот „Twilight Zone“. Она што ја прави оваа трагедија чудна е што Мороу ја предвидел својата смрт. Една година пред снимањето на филмот Мороу извади 5 милиони долари од животно осигурување, кажувајќи им на пријателите и членовите на семејството дека имал претчувство дека нешто лошо ќе му се случи на претстојниот филм. При снимање на една сцена, се урна хеликоптер, што го обезглави Мороу.
Poltergeist (1982)
Култниот хорор филм, „Poltergeist“ зад себе има тажна и трагична приказна. Актерките Хедер О’Рурк и Доминик Дан починале при снимањето на франшизата.
О’Рурке почина на операција (имала само 12 години), по завршувањето на третото продолжение на филмот. Дан е убиена од поранешно момче, еден ден по премиерата на првиот филм. И двете актерки се закопани на истите калифорниски гробишта.