Филмови кои ќе ве инспирираат да станете подобар човек уште денеска
The Pursuit of Happyness (2006)
Работен според вистинска приказна, Крис Гарднер има големи соништа и амбиции, иако нема скршена пара во џебот. Во еден момент ќе биде бездомник на улица кој истовремено се грижи и за својот мал син, бидејќи мајката, односно неговата сопруга ги напушта.
Extraordinary People (2003 – )
*Епизода: The Boy Who Sees Without Eyes (2007)
Неверојатна приказна за момче кое е целосно слепо од неговата 3-годишна возраст. Сепак, тој има создадено сопствен систем на испуштање звуци и крикови, а со помошта на нивното ехо успева да ја пресмета далечината, длабочината и просторот околу него.
https://www.youtube.com/watch?v=Ybvg_ay6T50
The Greatest Game Ever Played (2005)
Во 1913 година на US Open, 20-годишниот Френсис се натпреварува против неговиот идол, шампионот во голф од 1900 година, Англичанецот Хери Вардон.
Freedom Writers (2007)
Ерин Грувел е професорка во средно училиште. Нејзините ученици се однапред осудени на неуспех, ѝ припаѓаат на најниската класа, со нула толеранција и желба за едукација. Сепак, нејзината посветеност и упорност прави неверојатна разлика во нивните животи.
What Dreams May Come (1998)
Крис Нилсен умира во сообраќајна несреќа и оди во Рајот. Подоцна, неговата сопруга Ени, скршена од тага по загубата на љубовта на нејзиниот живот, извршува самоубиство. Кога Крис ќе дознае за ова, решава да оди во Пеколот со цел да ја спаси.
(О)Милена | Црнобело