Филмови кои ќе ве инспирираат да станете подобар човек уште денеска
Време е за уште еден филмски викенд. Овој пат, изборот „падна“ на филмови кои ќе ве инспирираат да преземете акција веднаш.
Бидејќи, најтемно е пред изгревањето на сонцето. И без оглед на вашата моментална ситуација, не заборавајте дека на крајот од тунелот секогаш постои светлина.
Какви и да сте, секогаш може да бидете подобра верзија од себеси, а овие 10 филмови го потврдуваат токму тоа:
Second Act (2018)
Маја нема завршено високо образование. И покрај напорната работа, таа не успева да стигне до менаџерската позиција во компанијата каде што работи веќе 15 години. Со помошта на пријателката и нејзиниот син, Маја неочекувано ќе се најде на интервју за работа во огромна и престижна корпорација.
Whiplash (2014)
Ендру е млад и талентиран џез тапанар чија амбиција го носи до најелитниот музички конзерваториум. Сепак, патот до успехот е трнлив и безмилосен. Неговиот музички инструктор, Теренс Флечер користи застрашувачки методи на подучување.
Like Stars on Earth (2007)
Ишхан е детенце кое страда од дислексија. Тој не може да се снајде, ниту да го разбере она што се случува на училишната табла пред него. Сепак, новиот професор по уметност кој излегува од секој шаблон и е целосно неконвенционален ќе му помогне на малото дете да го открие сиот негов скриен потенцијал.
https://www.youtube.com/watch?v=DBg6HSMF9×8
Instant Family (2018)
Лизи и Пит Вагнер ја имаат работата од нивните соништа и прекрасен дом. Сепак, она што им недостасува е семејство. Тие ќе се одлучат да згрижат 3 деца, со желба истите да ги посвојат.
The Imitation Game (2014)
За време на Втората светска војна, англискиот генијален математичар Алан Тјуринг се обидува да го разоткрие кодот на германските нацисти и да ѝ стави крај на војната.