Филмови кои ќе ви го стопат срцето
The Painted Veil
Откако ќе дознае за аферата на својата сопруга, британски доктор се сели заедно со неа во Кина во текот на ’20-тите години додека владее епидемија на колера.
https://www.youtube.com/watch?v=9q8s4eKcqeQ
Crazy, Stupid, Love
Кал има практично совршен живот, сè додека не дознае дека неговата сопруга го изневерила и сака развод. Под менторство на новиот пријател, плејбојот Џејкоб, Кал полека се враќа во светот на сингл луѓето и состанувањето со други жени.
Celeste & Jesse Forever
Селест и Џеси се долгогодишен пар кои се венчале многу млади. Полека, но сигурно, тие се оддалечуваат. Селест е амбициозна, а Џеси има поопуштен пристап кон животот.
Reality Bites
Млада девојка по завршувањето на факултетот се обидува да сними документарен филм за животот и пријателите. Во меѓувреме ја открива љубовта и созревањето.
Little Manhattan
10-годишниот Гејб се вљубува во 11-годишната Розмари за време на нивните часови по карате.
(О)Милена | Црнобело