Филмови кои ќе ви го стопат срцето
Романтични, но не лигави. Ова е листата на филмови кои ќе ви го стопат срцето и ќе ја разбудат нежната страна во вас.
Дефинитивно ќе ви се подобри денот откако ќе изгледате нешто од следните 10 предлози:
Love, Rosie
Алекс и Рози се долгогодишни пријатели кои се разделуваат поради тоа што Алекс се сели од Даблин во САД. Дали далечината ќе го преживее тестот на пријателството и љубовта?
Филмот е снимен според книгата на Сесилија Ахерн „На крајот од виножитото“.
Not Suitable for Children
Плејбој кој обожава да спие со различни жени дознава дека за еден месец ќе стане стерилен. Тој решава да создаде потомство…
Like Crazy
Џејкоб и Ана се лудо вљубени еден во друг. Проблемите започнуваат кога Ана ќе остане во САД покрај него и покрај истекувањето на визата. Таа е принудена да се врати дома во Лондон.
The Last Kiss
Четворица пријатели се соочуваат со фактот дека наскоро ќе наполнат 30 години и засекогаш ќе ја изгубат слободата, а со неа и себеси.
Stuck in Love
Славен писател, неговата поранешна сопруга и нивниот син тинејџер секој поединечно се соочуваат со комплицираната страна на љубовта во период од една долга година.