Филмови кои ќе ви предизвикаат поплава од емоции
Dear Zachary: A Letter to a Son About His Father (2008)
Филмаџија решава да го овековечи животот и убиството на неговиот најдобар пријател, откако ќе дознае дека поранешната девојка на покојникот е бремена со неговото дете.
Jacob’s Ladder (1990)
Откако ќе се врати од Виетнамската војна, Џејсон Сингер почнува да се соочува со пост-трауматичен стрес, надополнет со халуцинации и нервни растројства, додека блиските околу него страдаат поради неговото однесување.
Hard Candy (2005)
Хејли, тинејџерка со силна волја решава да се сретне со Џеф, фотограф кого го запознава на интернет и се сомнева дека е педофил. Младата Хејли решава да му одржи лекција што Џеф никогаш нема да ја заборави.
We Need to Talk About Kevin (2011)
Ева е жена со нескротлив дух која решава да се смири и да има бебе со нејзиниот сопруг. Бременоста ја поднесува тешко, но разочарувањето доаѓа подоцна, која нема да може на никаков начин да се поврзе со нејзиниот син Кевин и неговите животни избори.
Watership Down (1978)
Иако постар, прикажан неверојатно реалистично, ова е анимиран филм кој целосно ќе ве освои. Фивер, зајак кој доживува визија дека на неговиот дом му се заканува опасност, убедува уште 7 други зајаци да избегаат заедно со него во потрага по ново и сигурно место за живеење.
(О)Милена | Црнобело