Завршете ја годината со смеење – 10 одлични комедии од 2018 година
Насмевката е крива линија која ги исправува сите погрешни работи. Па зошто крајот на годината не би го заокружиле со смеење? Без оглед на тоа каква ви беше годината која ја испраќаме засекогаш, новата секогаш претставува можност за подобро утре.
Погледнете ги комедиите кои ја одбележаа 2018 година и расположете се, испраќајќи ја годината со насмевки:
Night School (2018)
Теди Вокер е исклучително успешен продавач кој е принуден да оди во вечерно училиште со цел да го заврши средното училиште и да земе диплома. Но, таму се среќава со неговиот ривал од средношколските денови како и со професорка која смета дека Теди и не е баш така паметен.
Johnny English Strikes Again (2018)
Џони Инглиш повторно се враќа во акција, овој пат повикан да се врати на должност од пензија. Хакерски напад го открива идентитетот на сите тајни агенти, а Џони е единствената надеж да го разоткрие хакерот кој стои зад нападот.
The Ballad of Buster Scruggs (2018)
Најновиот филм на браќата Коен во типично нивен стил е антологија која склопува 6 различни приказни, секоја која обработува различен аспект од животот на Дивиот Запад.
Like Father (2018)
Свршеникот неочекувано ја остава Рејчел пред олтарот. Таа сепак решава да оди на медениот месец на Карибите со последната личност која ја очекува – нејзиниот татко со кого одамна има изгубено контакт и блискост.
The Happytime Murders (2018)
Некој започнува да ги убива сите учесници од популарно ТВ шоу од ’90-тите години. Фил Филипс е приватен детектив – кукла, кој заедно со својот поранешен партнер од полицијата тргнува да го реши злосторството.