Медицина, хемија, физика - кои се тајните на научниците во холивудските филмови?

За да се сними филм, понекогаш е потребно во него да се внесе многу наука, за крајниот резултат да биде логичен и правилен.

koi-se-tajnite-na-nauchnite-konsultanti-na-holivud-01.jpg

Било да се работи за хемија, физика, математика или која било друга наука, продукциите ангажираат надворешни соработници и советници, кои ги следат тие процеси.

Така, тие ги исправаат грешките доколку во филмот има лик научник, но и се грижат за научната логика со која се одвиваат нештата (слушање звуци од подрум или експлозија на автомобил се само мал дел од примерите).

Иако тие се невидливи за публиката, нивната улога е многу важна во целиот процес. Ова се нивните тајни:

1. Тие најчесто се волонтери

Продукциите ангажираат научници кои работат „про боно“, односно своите совети ги даваат бесплатно. Најчесто добиваат хонорар откако филмот ќе излезе и ќе постигне некаков успех. Сепак, се случувало и не кои од нив да не бидат платени за ангажманот.

2. Тие се согласуваат на дискреција

Многу од нив влегуваат во проектот во моменти кога клучни нешта од содржината може да бидат откриени. Доколку се работи за серија, тие лесно може да откријат детали на своите блиски. Затоа и потпишуваат договори за дискреција и се обврзуваат да не откриваат ништо за снимањето.

koi-se-tajnite-na-nauchnite-konsultanti-na-holivud-02.jpg

3. Треба постојано да бидат достапни

Нивните услуги може да притребаат и доцна ноќе, но и рано наутро. Затоа, во договор со продукцијата, тие се согласуваат да бидат достапни кога и да се потребни.

4. Некогаш работат директно со актерот

За некоја улога да може веродостојно да биде изведена, актерот мора да влезе „во филм“ на научник. Тоа значи дека научникот ќе работи директно со актерот, за да може тој да ги прифати и научи сите потребни детали за поавтентично пренесување на ликот на екраните.

5. Нивните совети менуваат сценарија

Сценаристот е креативец полн со идеи, но кога нешто треба да биде во согласност со науката, може да се случи сценариото да биде драстично променето.

koi-se-tajnite-na-nauchnite-konsultanti-na-holivud-03.jpg

6. Некогаш советите не се прифаќаат

И покрај ангажманите на научниците, некогаш сценаристот и продукцијата држат до оригиналната идеја. Тоа значи дека не ги земаат предвид советите што ги добиле од страна на научникот. На пример, продукцијата на „Breaking Bad“ од старт знаела дека метамфетаминот не може да биде син, но решиле да одат до крај во име на оригиналноста.

7. Сè повеќе продукции ги користат нивните услуги

Некогаш на режисерите и продуцентите им доаѓа преку глава од јавното обелоденување на научните недоследности. Наместо да бидат цел на „бау бау“ забелешки, тие решаваат филмот да биде научно коректен, за да избегнат јавно исмевање.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
Рајан Гослинг и уште 8 познати актери кои добиле отказ од филм (и зошто) Меган Фокс го навреди режисерот на серијалот Transformers, го спореди и со Хитле...
Со кој романтичен филм да се опуштите викендов, според хороскопскиот знак? Рибите ја ценат романтиката, но исто така сакаат и да мечтаат. Музичките секвенц...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg