Совршен викенд маратон со филмови чии продолженија се подобри од првиот дел
The Godfather Part II (1974)
Дури и не толку добрите познавачи на филмската уметност може да ви потврдат дека вториот дел од „Кум“ работен според романот на Марио Пузо е вистинско ремек-дело. Овој дел е епохална драма која ја издигна трилогијата на највисоко можно ниво.
Mission: Impossible—Fallout (2018)
Смешно е да се каже дека од одреден серијал филмови шестиот дел е супериорен, нели? Освен во случајот на „Невозможна мисија“. Се чини дека Том Круз нема намера да остари, а филмовите стануваат сè подобри и подобри.
Thor: Ragnarok (2017)
Ниту првиот Thor, ниту неговиот Dark World од 2011 и 2013 година не успеаа да ја доловат неверојатната атмосфера од (засега) последниот, трет дел Ragnarok.
Fast Five (2011)
Слично како и со „Невозможна мисија“ и кај серијалот The Fast and the Furious како најквалитетен се покажа 6 дел од 2011 година. Многумина веруваат дека ова се должи на измената на сценариото кое не вклучува само автомобилски трки, туку и грабеж како и воведувањето на нов лик во филмовите – Двејн Џонсон.
The Bourne Ultimatum (2007)
Третиот дел од серијалот за Џејсон Борн ја покажа неговата супериорност во поглед на сценариото, глумата и целокупната изведба. Мет Дејмон се врати повторно на филмското платно да ја репризира улогата на Борн во 2016 година, но оценките и импресиите беа далеку пониски.
(О)Милена | Црнобело