Парови од ТВ-серии кои покажуваат дека љубовта не знае за никакви граници
Љубовта во филмовите и сериите може да биде доста понереална отколку во животот, но во исто време и да инспирира да се борите за личноста која ја сакате.
Телевизиските романси се интензивни, страсни и не знаат за граница. Некогаш тоа е забранета љубов, некогаш скриена, некогаш е врска за која знаат сите.
Колку и да сте свесни дека сето тоа е по сценарио, некои ТВ-парови ја освоија публиката со страста и емоциите кои актерите одлично ги одглумиле.
Ова се неколку од најстрасните парови во ТВ-сериите:
Џим и Пем од „The Office“
Колеги кои станаа пријатели, па љубовници. Нешто совршено за на екран, а што во реалност бара неколку состаноци со одделот за човечки ресурси и потпишување изјави дека врската нема да пречи во професионалноста.
Блер и Чак од „Gossip Girl“
Пар кој случајно се сплетка, но потоа нивната љубов премина во нешто што ги руши сите бариери.
Мередит и Дерек во „Grey's Anatomy“
Се запознаа кога Дерек беше женет со друга, па премина во афера, за на крај да биде симбол на една од најголемите телевизиски љубови.
Фиц и Оливија во „Scandal“
Оливија влезе во врска со женет претседател на држава. Па има ли поголемо пречекорување на границите?
Моника и Чендлер во „Friends“
Тие се модел за совршен пар, но нивните криења од останатите пријатели навистина беа тестирање на границите.
Лесли и Бен во „Parks and Recreations“
Тие се вљубија како колеги од работа и многу ризикуваа со тоа. Но, сето тоа вредеше, бидејќи важат за навистина сладок пар од ТВ-екраните.
Е. Д. | Црнобело