Филмови кои ќе ве држат напнати и во неизвесност до самиот крај
Подготвени за малку драма, акција, крими елементи до самиот крај на филмот?
Доколку ги обожавате филмовите кои имаат потенцијал да ве држат во неизвесност до самиот крај или пак сакате да погодувате што ќе се случи следно, ја имаме вистинската предлог листа за вас.
Подгответе се за долг филмски викенд исполнет со неизвесност и прашања:
Peppermint (2018)
5 години од свирепото убиство на нејзиниот сопруг и ќеркичката, Рајли ја зема правдата во свои раце и тргнува во одмаздничка серија убиства.
House at the End of the Street (2012)
Откако Елиса и нејзината мајка се доселуваат во мал град во потрага по нов почеток, девојката дознава за несреќата која се случила во куќата на крајот од улицата. Нештата се заплеткуваат кога таа се здружува со момчето од куќата, кој е единствениот преживеан.
Searching (2018)
16-годишната Марго ненадејно исчезнува. Нејзиниот татко Дејвид Ким е очаен да ја пронајде. Решен да помогне во потрагата на секој можен начин, тој го „хакнува“ нејзиниот компјутер со цел да пронајде одговори – која е неговата ќерка всушност?
Julia’s Eyes (2010)
Џулија Левин е прогонувана од смртта на нејзината сестра Сара. Додека полека го губи видот, таа е решена да ја открие вистинската причина за смртта на сестра си, иако официјалната пресуда гласи самоубиство.
Nightcrawler (2014)
Луис Блум е млад човек кој конечно ја пронаоѓа работата во која најдобро се снаоѓа. Наоружан со камера и полициски радио скенер, тој доаѓа прв на местото на злосторството обезбедувајќи ексклузивни снимки и фотки.