Бизарни начини на кои актерите ги добиле своите познати улоги
Дали сте се запрашале кои услови ги исполнил Џејсон Момоа за да биде Кал Дрого или пак, како Семјуел Л. Џексон ги убедил продуцентите да го изберат во „Pulp Fiction“.
Иако можеби си замислуваме дека „искинале“ на кастингот, многумина од нив всушност ги добиле улогите кои им ја вивнале кариерата на многу бизарен начин.
На пример:
Џејсон Момоа танцувал
Актерите кои се јавиле на аудицијата за улогата на Кал Дрого, требало да ја убедат продукцијата без да употребат ниту збор.
Така, тој изиграл хака, традиционален воен Маори танц, по што режисерите и продуцентите останале без зборови и точно знаеле кому ќе ја доделат таа улога.
Ема Вотсон ја побарала Џ.К. Роулинг на телефон
Роулинг сметала дека Ема е премногу убава за да може да ја глуми Хермиона Грејнџер во серијалот за Хари Потер. Но, еден ден добила неочекуван телефонски повик од младата надежна актерка која толку многу ја сакала улогата и не престанала да зборува цела минута.
На тоа, Роулинг ѝ рекла: „Ема, доста. Совршена си за улогава.“
Рајан Гослинг бил премногу обичен за „The Notebook“
Иако сите претпоставуваме дека Рајан Гослинг ја добива која улога и да посака, но според кои критериуми?
За „The Notebook“, режисерот Ник Касаветс му кажал дека е избран затоа што не е нешто посебно убав, ниту кул, туку е премногу обичен, соодветен на ликот. Сигурно денес се кае за тие зборови.
Семјуел Л. Џексон ги исплашил продуцентите на „Pulp Fiction“
За ликот на Џулс Винфилд фаворит бил друг актер. Кога тоа го дознал, Џексон веднаш заминал во Лос Анџелес, во продукцијата на аудиција. Во меѓувреме, член на екипата го измешал со Лоренс Фишбурн, што го разбеснело.
Тој луто почнал да јаде хамбургер и ѝ се обратил на комисијата: „Зарем мислите дека ќе ја дадете оваа улога на некој друг! Ќе ве уништам!“
Тарантино го опил Тим Рот за аудицијата за „Reservoir Dogs“
Рот го прочитал сценариото и бил воодушевен, но потоа станал нервозен мислејќи дека нема да може да ја помине аудицијата.
Истата вечер, Тарантино и Рот излегле на пијачка, каде и двајцата се опиле премногу. Рот повторно го прочитал својот дел и тоа го направил одлично.
Детето што го играше Демијен во „The Omen“ го истепало режисерот
За оваа улога, режисерот Ричард Донер повикал на аудиција стотици момчиња. Кога се појавил Харви Стивенс, Донер решил да го натера момчето да се тепа.
Малиот веднаш го удрил режисерот меѓу нозе и додека неговите родители стоеле збунети и со ужаснати лица, Донер решил дека ќе го одбере Харви за улогата, бидејќи покажал повеќе харизма од сите останати момчиња заедно.
Е. Д. | Црнобело