Како криминалните ТВ-шоуа ја прикажуваат форензиката во погрешно светло?
Сите ги обожаваме сериите како „CSI“, „NCIS“, „Criminal Minds“ или „Bones“, кои прават детективската работа и форензиката да изгледаат како професии од соништата.
Но, дури и најпрофесионалните форензичари не можат да одредат време на смрт со грешка од 5-10 минути, туку проценуваат на поголем временски интервал, особено ако смртта настапила пред подолг период.
Сепак, грешките не запираат тука:
Темно место на злосторство
Прва грешка која постојано се прави е увидот на местото на злосторството во темница.
Во реалноста, полицијата го осветлува местото и најпрво се првави општ увид, а потоа ако има потреба, се гаснат светлата и се продолжува со истрагата.
Мода на работа
Форензичарите во сериите се одлично облечени, особено жените. Сепак, во реалноста не би можеле да се шетаат околу мртви тела со брендирана облека и високи потпетици.
Најчесто постојат кодекси за облекување, а и на овие професионалци им е важно слободно да се движат, без облеката да им пречи.
Форензичарите постојано се во лабораторијата
И нивното работно време е ограничено и потоа заминуваат дома, а остануваат подолго доколку случајот го бара од тоа.
Морничаво, но, нивните „клиенти“ се мртви и освен ако не се бара итна обдукција, тие може да „почекаат“ да им дојде редот.
Љубовни врски на работното место
Во ТВ-сериите често има ликови кои се во врска, но во реалноста важат одредени правила и правила за работни односи, со кои интерни афери не се дозволени.
Дури и ако се случи двајца колеги да се вљубат, треба да изјават дека односот, каков и да е исходот, нема да влијае на работата.
Инстант лабораториски резултати
Токсиколошки наоди, крвни слики, ДНК, што ќе посакаат, добиваат за пет минути. Штета, бидејќи на тој начин не функционираат нештата во реалноста.
За некои лабораториски испитувања потребни се и по неколку денови за резултати.
Лежерни обдукции
Салите наликуваат на операциски сали, а форензичарите се од глава до петици покриени во специјална облека.
Всушност, обдукција не се прави со бел мантил и маска преку носот и устата, туку практично во скафандер.
Е. Д. | Црнобело