У-ла-ла: Нови француски филмови на кои дефинитивно треба да им дадете шанса
За многумина, европската кинематографија е многу подобра и далеку поквалитетна од американската.
Кога зборуваме за француската кинематографија, веројатно првото нешто што ви паѓа на памет е шармантната Амели Пулен во истоимениот Amélie од 2001 година со Одри Тату во главната улога.
Сепак, ова е само капка во морето француски филмови, а обожавателите на квалитетни филмски проекции дефинитивно треба да одвојат време за следните нови наслови:
Black Tide (2018) оригинален наслов: Fleuve noir
Исчезнувањето на едно младо момче станува предмет на интерес за полицаец-алкохоличар. Трагите водат кон сомнителен наставник, додека полицаецот полека се вљубува во мајката на исчезнатото момче.
One Nation, One King (2018) оригинален наслов: Un peuple et son roi
Филмот ги следи настаните од 1789 година во Франција, односно го прикажува заробувањето на тврдината Бастилја, нападот од кој започнала Големата француска револуција.
I Feel Good (2018)
Родителите на Жак конечно решаваат да го избркаат од дома, со оглед на фактот што веќе има 40 години. Тој решава да се збогати брзо и да стане многу познат. Фактот што на себе има само бела бањарка и топлинки како воопшто да не му е битен.
Promise at Dawn (2017) оригинален наслов: La promesse de l’aube
Приказната на една самохрана мајка, која го инспирира својот син да постигне неверојатни нешта, и покрај тешките премрежја низ кои поминуваат. Благодарение на нејзината љубов и непокорливата волја, синот ќе ги оправда сите надежи на пожртвуваната мајка.