Штрумфовите прославија 60 години постоење
На 23 октомври 1958 година, била имитувана првата епизода од познатите Штрумфови. Тие се дело на стрип-уметникот Пјер Кулифор, кој во тоа време цртал стрипови за еден белгиски магазин.
Идејата ја добил за време на ручек со пријател, кој сакал да побара да му го подаде соларникот, но го заборавил зборот и му кажал: „Passe-moi le schtroumpf!“ (Подај ми го... Штрумфот)
Разговорот продолжил со: „Еве ти го Штрумфот и кога ќе завршиш со штрумфување, врати ми го.“
Тие во текот на целиот викенд продолжиле да се шегуваат со новоизмислениот збор, ставајќи го како префикс на други зборови, како што се „штрумфување“ или „штрумфастично“.
Шеесет години подоцна, Штрумфовите остануваат едни од најомилените цртани ликови и на децата, но и на возрасните. Се проценува дека во светот се продадени околу 25.000.000 стрипови за Штрумфовите, преведени на барем 25 јазици.
Според стриповите се снимени и цртани филмови, но и долгометражни филмови, а малите сини суштества остануваат омилени меѓу своите фанови дури и по толку многу години.
Е. Д. | Црнобело