Актерите барале сценарија според оставени траги: Интересни факти за вашите омилени хорор филмови
6. Во сценариото за „Halloween“ немало опис на маската
Всушност, Мајк Маерс бил опишан како блед маж, а двете употребени маски биле импровизација. Купени биле од продавница за играчки и едната била со кловн, а другата со капетан Кирк од „Star Trek“, а потоа се „шминкани“.
7. Актерите од „The Blair Witch Project“ ги барале сценаријата со ГПС
Сценаристите им оставале траги и актерите доаѓале до шишиња во кои се скриени инструкции за сценариото. Па така, дијалозите се повеќе импровизација, отколку следење на сценариото.
8. „Paranormal Activiтy“ е филм со најголем профит
Кога ќе се земат буџетот и заработката, тогаш овој филм е најпрофитабилниот на сите времиња.
9. Оригиналниот наслов на „Scream“ бил „Scary Movie“
Браќата Вајнстин ја започнале продукцијата со овој наслов, а идејата за новиот ја добиле слушаjќи ја истоимената песна на Мајкл Џексон.
10. Ед и Лорејн Ворен се реални ловци на паранормалното
„The Conjuring“ e базиран на животите на Ед и Лорејн и нивното искуство со семејството Перонс кое се вселило во фарма на Роуд Ајленд.
Е. Д. | Црнобело