Најдобрите семејни комедии кои ќе ви го подобрат дури и најлошиот ден
Baby’s Day Out
Вистинска класика меѓу семејните филмови. Тројца измамници решаваат да киднапираат бебе, кое се покажува многу попаметно и повешто отколку што тие мислат дека е.
We’re the Millers
Дилер на марихуана ќе натера неколкумина да го глумат неговото лажно семејство, со цел да прошверцува поголема количина дрога од Мексико во САД.
Bruce Almighty
Откако ќе му се пожали на Господ, Брус Нолан ќе ги добие неговите моќи кои ќе започне да ги користи за своите себични желби и цели, додека молитвите од целиот свет ќе останат неодговорени.
Alexander and the Terrible, Horrible, No Good, Very Bad Day
Александар се прашува дали само тој има лош ден и едноставно лоша среќа. Наскоро започнуваат заплетканите лоши ситуации според „Марфиевата книга на закони“ за секој член од неговото семејство.
Flipped
Иако се целосна спротивност еден на друг, две дечиња кои се соседи започнуваат да чувствуваат привлечност еден кон друг.
(О)Милена | Црнобело