Најдобрите семејни комедии кои ќе ви го подобрат дури и најлошиот ден
Имавте лоша недела или едноставно не можете да си поверувате колку многу работи ви тргнаа наопаку токму во долгоочекуваниот петок?
Не очајувајте, имаме решение за вас. 10 одлични филмчиња кои ќе ве расположат и добро ќе ве насмеат.
Едноставно е, комедиите го имаат тој ефект да го разубават дури и најлошиот ден. Со пријателите или со семејството, изборот е ваш:
Blended
Вдовец и разведена жена одат на договорен состанок на слепо, кој започнува лошо, а завршува уште покатастрофалнo. Наскоро ќе се најдат на истото патување во Африка со своите деца.
Evan Almighty
Конгресменот Еван Бакстер е контактиран од страна на Господ кој му наредува да изгради арка, слична како „Ноевата“, бидејќи се очекува голема поплава.
Zookeeper
Група на животни од зоолошката градина решаваат да го прекинат нивното правило на молчење со цел да му помогнат на омилениот чувар да пронајде љубов, без да ја менува работата.
The Muppets
Додека е на одмор, Волтер, кој е најголемиот обожавател на Мапетси открива дека злобен тајкун сака да го сруши студиото со цел да црпи нафта од земјата. Тој ги вика на помош Кермит, Гица прасица и останатите ликови со цел да соберат 10 милиони долари и да го спасат студиото.
Zootopia
Џуди Хопс е првото зајаче кое е дел од полицијата на Zootopia. Заедно со ситен криминалец, лисицата Ник Вајлд, ќе се обидат да решат мистериозен случај и да го откријат злосторникот.