Ѕвезди кои се зближиле во текот на снимањето заеднички сцени и останале најдобри пријатели
Снимањето филмови и серии значи долго време да се помине со одредени колеги и се пружаат многу шанси за зближување.
Иако некои актери кои во филмовите се блиски, во реалноста не се поднесуваат, сепак има и такви кои успеале да стекнат пријатели за цел живот.
Пример за тоа се Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет кои се најдобри пријатели уште од снимањето на Титаник.
Погледнете кои се славните актери кои благодарение на заедничките снимања останале пријатели и во приватниот живот:
Мејси Вилијамс и Софи Тарнер брзо се спријателиле на снимањето на „Game of Thrones“ и уште го негуваат пријателството.
Мерил Стрип и Виола Дејвис снимале само една кратка сцена заедно во „Doubt“, но пријателството брзо процветало.
Џенифер Анистон и Кортни Кокс го должат своето пријателство на серијата „Friends“.
Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет останаа пријатели засекогаш по снимањето на „Titanic“.
Џими Фелон и Џастин Тимберлејк ги спои комедијата благодарение на „Saturday Night Live“.
Ешли Тисдејл и Ванеса Хаџенс се пријателки веќе 13 години благодарение на „High School Musical“.
Шеј Мичел и Ешли Бенсон ги поврза серијата „Pretty Little Liars“.
Ник Џонас и Деми Ловато го зацврстија нивното пријателство благодарение на „Camp Rock“.
Џорџ Клуни и Бред Пит се поврзаа на снимањето на „Ocean’s 11“ и со години го одржуваат пријателството.
Дру Баримор и Камерон Диаз се добар тим и во приватниот живот, покрај во „Charlie’s Angels“.
Џорџ Клуни и Џулија Робертс се запознале на снимањето на „Ocean’s 11“ и оттогаш се многу блиски пријатели заедно со семејствата.
М. М. | Црнобело