Сте ги забележале ли? Логички дупки во популарните филмови
Додека уживаме во магијата на филмовите, се случува да забележиме по некоја грешка која може да го уништи целиот концепт или да го направи смешен.
Она што ќе го прочитате понатаму само покажува дека ниту најдобрите филмови не се имуни на таканаречените „бау бау“ моменти.
Некои пропусти ќе ве натераат да размислите, други пак ќе ве зачудат како е можно да поминале, а за некои нема да ви се верува дека се случиле.
Можеби препознавате некоја таква грешка? Сте ги забележале ли следниве?
Lara Croft: Tomb Raider (2001)
Во филмот, Лара поминува една третина од дејството барајќи го второто парче од триаголниот знак на Илуминатите, за да го уништи неговото зло дејство.
Таа веќе го има првото, но на никој не му е јасно зошто не ѝ текна дека ако го уништи едното, второто парче од триаголникот станува целосно бескорисно, бидејќи половинките не функционираат една без друга.
The Da Vinci Code (2006)
Кога се обидуваат да ја отворат капсулата со папирус, Ленгдон сфаќа дека доколку ја згрешат шифрата, оцетот внатре ќе го уништи написот. Но, основната наука вели дека тие можеле само да ја стават капсулата во замрзнувач. Оцетот смрзнува за кратко време. Потоа ќе можеа да го скршат ребусот и да ја извлечат пораката без да биде оштетена.
Ant-Man (2015)
Во филмот неколкупати е спомнато дека масата на Ентмен не се менува без разлика на големината. Така, сосема е апсурдно да може да стои врз мравките без да ги убие.
Man Of Steel (2013)
Една од најчестите грешки поврзани со Супермен што се појавуваат и во други филмови со овој лик е што во една сцена има брада, а во друга е мазно бричен. Во стриповите на DC Comics многу пати е наведено дека ниеден овоземски брич не може да ја скроти неговата брада.
Cinderella (2015)
Бајката ја знаеме добро - самовилата ѝ помага на Пепелашка да стигне на балот, но магијата исчезнува точно на полноќ. Она што не е јасно е како остануваат стаклените чевлички, кога и самите се дел од магијата?
Wonder Woman (2017)
Кога Дијана заминува од гала-прославата јавајќи коњ кон селото, нејзиниот син фустан едноставно одлетува од неа, откривајќи го костумот. Но, доколку го носела овој костум цело време, тој јасно ќе бил видлив под фустанот поради различните кроеви.
The Great Gatsby (2013)
Кога Ник доаѓа на забавата и се обидува да го пронајде Гетсби, неколкумина му велат дека никогаш не го виделе и дека не знаат дали навистина постои. Неколку сцени подоцна, на насловна страница се појавува вест за Гетсби, со фотографија од него.
The Hobbit: The Battle Of The Five Armies (2014)
Кога Азог паѓа во вода, тој продолжува да лебди под мразот, што нема логика, бидејќи неговиот тежок оклоп би требало да го повлече целосно кон дното.
I Am Legend (2007)
Кога Невил го тестира серумот врз инфицирано женско лице, тој отчитува дека нејзината температура е 106 степени Фаренхајтови (нешто над 41 степени Целзиусови). При оваа температура, нејзиниот мозок би бил оштетен и не би реагирал на никаков лек.
Twilight: Breaking Dawn 2 (2012)
Иако Алис не би требало да има визии за врколаци и мешанци, на крајот на филмот таа има јасна визија за иднината на Џејкоб и Ренесма.
Harry Potter And The Order Of The Phoenix (2007)
Во петтиот дел од сагата, Хари успева да ги забележи суштествата тестрали, поради тоа што го виде Седрик како умира (во четвртиот дел). Нив може да ги види оној кој видел смрт. Но, во книгите е наведено дека иако не ја памети добро, Хари може да се сети на вресокот на неговата мајка кога умирала. Исто така, во првиот дел, тој го гледаше професорот Квирел како умира. Така, Хари би требало да ги забележи тестралите многу порано, најдоцна во втората година во Хогвортс.
Е. Д. | Црнобело