Секси филмови кои ќе ви ги заскокоткаат сетилата
Подготвени за доза филмови кои ќе ве внесат во еротично, секси расположение? Летото е совршено за ноќи исполнети со љубов, страст и романтика.
Помеѓу предлозите имаме и постари култни филмови, но и неколку нови, па направете го својот избор, а најважно е секако – да одберете добар партнер за гледање на:
Room in Rome
Набрзо по своето познанство, две прекрасни млади жени решаваат да делат хотелска соба во Рим која станува центарот на нивната љубовна авантура и страст која силно ќе ги допре нивните души.
Newness
Мартин и Габи се запознаваат преку мобилна апликација за пронаоѓање партнери. Нивната врска започнува бурно, а продолжува уште пожестоко, додека сме по одговор на прашањето–може ли во овој модерен свет да се пронајде љубов?
Adore
Долгогодишното пријателство помеѓу две средовечни жени е во опасност кога секоја од нив започнува врска со синот на другата. Но, што ќе се случи кога едниот од нив ќе посака партнерка на негова возраст?
Nymphomaniac
Култниот еротски филм на Ларс фон Триер ја става Џо во центарот на вниманието која е самодијагностицирана нимфоманка која ги портретира сексуалните авантури во нејзиниот живот. Филмот има и втор дел.
Tulip Fever
17 век, Амстердам. Млад уметник е најмен да го изработи портретот на прекрасната сопруга на благородник во која уметникот се вљубува.