Што никогаш да НЕ гледате – најниско рангираните филмови на IMDb
Минатата недела како предлози за гледање ги понудивме 10-те филмови кои котираат највисоко на ранг листата на Imdb.
Несомнено, станува збор за квалитетни, одлични филмови, но секогаш постои и другата страна на паричката – филмови кои зачудуваат со својата бизарност и неквалитет и се на дното на листата.
Со оглед на фактот што рангирањето на IMDb се движи од 1 до 10, а ниту еден од овие во листата не надминува оценка 1.8, може само да претпоставите за какви филмови се работи.
„Бегајте“, „Не губете го своето време“, „Филм наменет за идиоти“… се само дел од рецензиите на публиката за овие филмови, кои секако воопшто не се далеку од вистината.
Сепак, некогаш може да изгледате некој од нив, доколку сакате добро да се изнасмеете:
Code Name: K.O.Z. (2015) оцена 1.4
Поглед кон настаните од 17 до 25 декември 2013 година поврзани со скандалите со корупција во Турција, од гледна точка на Владата на претседателот Ердоган.
Saving Christmas (2014) оцена 1.5
Кирк ужива во прекрасната божиќна забава која ја организира неговата сестра, сè додека не сфати дека на неговиот зет му е потребна неговата помош.
Daniel the Wizard (2004) оцена 1.6
Опасни платени убијци сакаат да го елиминираат Даниел, третиот по ред во трката за победник во популарно ТВ шоу.
Superbabies: Baby Geniuses 2 (2004) оцена 1.6
Група од неколку исклучително паметни бебиња одеднаш се наоѓаат во центарот на вниманието во обид да го дешифрираат тајниот бебешки јазик.
Manos: The Hands of Fate (1966) оцена 1.7
Во овој исклучително неинтелигентен хорор, семејство кое се губи за време на патувањето се соочува со тајно подземје кое го обожува Ѓаволот предводено од Главниот и неговиот слуга.