10 најдобри комедии од првата половина на 2018 година
Love, Simon
Сајмон е сосема типичен 17-годишен средношколец. Тој има прекрасно семејство, пријатели, но крие огромна тајна која го гризе одвнатре. Кога некој анонимно на интернет ќе остави јавна порака споделувајќи ја сопствената тајна која е иста како на Сајмон, тој се охрабрува и тргнува во потрагата по љубов и себеси.
Paddington 2
Сагата за симпатичното мече Падингтон продолжува во вториот дел, кога неверојатно скапоцена книга ќе биде украдена, а тој ќе биде неправедно обвинет за нејзиното исчезнување.
When We First Met
Ноа се вљубува во Ејвери за време на една забава и тоа е буквално љубов на прв поглед. Но, наскоро вечерта покажува дека таа го гледа само како пријател. Три години подоцна за време на нејзината веридба, тој упорно се прашува каде погрешил. Само кога би можел некако да го врати времето назад…
Book Club
Животот на четири долгогодишни пријателки целосно се менува откако ќе решат сите 4 да ја прочитаат трилогијата „50 нијанси сиво“ како избраната книга за нивниот месечен Клуб на читатели.
Deadpool 2
Омилениот анти-херој повторно се враќа, овојпат со ново друштво на супер-херои кои се обединуваат со една заедничка цел – да го заштитат и спасат малото момче со супер моќи од оној кој сака да го повреди, моќен киборг Кејбл кој патува низ времето и доаѓа од иднината.
(О)Милена | Црнобело