Холивудски филмови кои не сте знаеле дека се снимени на Балканот
Балканот за многу од филмаџиите претставува необичен и неистражен простор каде што може да се снимат многу филмски сцени.
На многумина ни е познат податокот дека голем дел од сцените во хит серијата „Game of Thrones“ се снимени во прекрасниот Дубровник во Хрватска.
Бугарија и Србија се исто така особено интересни локации за режисерите.
Ова се само дел од стотиците успешни филмови снимени токму на Балканот:
The November Man (2014)
Ветеранот на ЦИА Питер Деверо е веќе 5 години пензиониран. Но, тој неочекувано е повикан во спасувачка мисија на руски агент, која е воедно негова поранешна девојка. Таа поседува инкриминирачки докази против Федеров, корумпиран руски политичар и лидер.
In Secret (2013)
Млада жена и нејзиниот љубовник коваат заговор да го убијат нејзиниот сопруг кој едноставно нема никакви манири. Но вината и грижата на совест ќе надвладее со нив и наскоро нивната страст се претвора во чиста омраза.
Hitman (2007)
Агентот 47 е израснат да биде совршениот убиец од страна на мистериозна организација. Но, откако ќе биде испратен на специјална мисија со цел да го убие рускиот претседател, тој дознава дека неговиот работодавач го предал.
The Raven (2012)
Во 19 век во Балтимор, детективот Емет Филдс открива нешто фасцинантно: убиството на мајка и ќерка според доказите потсетува на фиктивна приказна напишана од страна на Едгар Алан По.
Кога започнуваат да се случуваат и други злосторства инспирирани од работата на По, детективот ја бара неговата помош во расветлувањето на случаите.
In the Land of Blood and Honey (2011)
Даниел, босанско-српски полицаец и Ајла, босанско-муслиманска уметница се љубовници пред почетокот на војната во Босна. Но љубовниците наскоро завршуваат на двете спротивни страни од конфликтот додека насилството беснее околу нив.
https://www.youtube.com/watch?v=wDBU8CqU0dg