Филмови кои ќе ве натераат да се чувствувате добро оваа пролет
Grandma (2015)
Ел е тинејџерка која се соочува со неочекувана бременост. Таа бара помош од нејзината ексцентрична баба која одамна ги има прекинато сите врски со семејството.
https://www.youtube.com/watch?v=mr4_vyFQTsE
A Brilliant Young Mind (2014)
Нејтан е генијален млад математичар, но не ги разбира најдобро луѓето и не знае добро да се вклопи кога станува збор за социјални интеракции. Тој добива место во британскиот тим кој треба да ја претставува држава на Интернационалната математичка олимпијада.
The Little Death (2014)
Приказната следи 5 двојки кои живеат во Сиднеј, Австралија, кои ги откриваат своите сексуални фетиши и реперкусиите кои следуваат по нивното обелоденување.
We Bought a Zoo (2011)
По смртта на неговата сопруга, Бенџамин решава да отвори ново животно поглавје. Тој дава отказ и заедно со своите деца се сели на новиот имот кој го купува. Имотот, пак, е сè уште дом на многу животни за кои се грижи мал тим луѓе.
Jumanji: Welcome to the Jungle (2017)
Римејк на добро познатиот Џуманџи од 1995 година, четворица млади луѓе се заробени во магична видео игра која мора да ја изиграат до крај и да победат за да излезат од џунглата.
(О)Милена | Црнобело