10 филмови кои ќе ве расположат и ќе ви ја вратат волјата за живот
50/50 (2011)
Инспириран според вистинска приказна, во центарот на оваа горчливо-комична приказна е Адам, 27-годишен млад човек кој дознава дека има рак, а шансите за преживување се 50/50. Ќе успее ли да ја победи болеста?
Going the Distance (2010)
Ерин и Герет случајно се запознаваат и се вљубуваат токму тогаш кога двајцата изгубиле секаква надеж за пронаоѓање сродна душа. Но, нивната врска ќе го доживее најголемиот тест – љубов на далечина. Дали ќе успеат да ја победат оддалеченоста помеѓу Њујорк и Сан Франциско и да се изборат за љубовта?
https://www.youtube.com/watch?v=z5xP7lNTf5w
Lion (2016)
5-годишно детенце ќе се изгуби на улиците во Калкута, илјадници километри од дома. Тој ќе преживее многу предизвици и раздобја, пред да биде посвоен од страна на една австралијанскa двојка. 25 години подоцна, тој решава да го пронајде своето вистинско и одамна изгубено семејство.
The Edge of Seventeen (2016)
Животот на 17-годишната Надин е хаотичен – дома и на училиште, а пубертетот ја погодува навистина силно. Работите стануваат уште покомплицирани кога нејзината најдобра другарка Криста започнува да се гледа со братот на Надин.
https://www.youtube.com/watch?v=EB6Gecy6IP8
L’auberge espagnole (2002)
Француски студент оди на размена на студенти во Шпанија и се вселува во апартман во Барселона, кој го дели со уште 6 различни студенти од цела Европа. Низ низа комични ситуации, тие започнуваат да се разбираат на јазикот на љубовта и пријателството.
(О)Милена | Црнобело