10 филмови кои ќе ве расположат и ќе ви ја вратат волјата за живот
На сите одвреме-навреме ни се потребни вакви типови на филмови кои ќе ни ја вратат вербата во животот, луѓето и иднината која ни претстои.
Доколку сакате добро да се насмеете и исплачете истовремено, а подоцна да почувствувате оддишка и леснотија во душата, време е да ги замените сите хорори, трилери и акциски филмови со следниве предлози кои ќе ви го разубават денот:
Temple Grandin (2010)
Темпл Грандин е жена со аутизам која вешто се справува со сите интелектуални предизвици, многу подобро отколку во социјализацијата со другите луѓе.
Сепак, таа ќе триумфира над сите предрасуди и ќе стане иноватор во полето на грижата за животните.
The Great Debaters (2007)
Драма, вистинска приказна за Мелвин Толсон, професор на колеџ во Тексас. Во 1935 година тој инспирира група студенти да го формираат првиот дебатен клуб на образовната установа и да го предизвикаат Харвард на националното првенство.
Little Miss Sunshine (2006)
Семејството Хувер кое е прилично дисфункционално се упатува со комбе кон Калифорнија со цел малечката Олив да земе учество во изборот за убавици, Little Miss Sunshinе.
Во текот на патувањето кое е траги-комичен процес, почнуваат да се појавуваат проблеми кои ги тестираат нервите и односите на сите во комбето.
https://www.youtube.com/watch?v=JnlAXhYjG3s
The Way Way Back (2013)
14-годишниот Данкан е повлечен и срамежлив. Тој оди на одмор заедно со мајка си, нејзиниот нападен дечко и неговата ќерка. Данкан не може да се вклопи во семејната „идила“, но додека е на одмор неочекувано се спријателува со Овен, менаџерот на аква паркот.
Chef (2014)
Откако односот со неговиот претпоставен ќе доживее кулминација, Карл дава отказ од престижниот ресторан во Лос Анџелес. Во Мајами ќе се сретне повторно со поранешната сопруга, синот и најдобриот пријател и заедно ќе започнат нов кулинарски бизнис со мал камион за храна, со чија помош Карл повторно ќе ја пронајде страста кон готвењето и животот.