Помалку познати, но квалитетно напнати филмови кои ќе си поиграат со вашиот ум
A Tale of Two Sisters (2003)
Откако се враќа од ментална институција каде што била хоспитализирана, тинејџерката Су-ми повторно е во друштво на нејзината сестра. Двете се враќаат да живеат на имотот во село.
Нивниот татко вдовец е преженат, а двете сестри веднаш покажуваат антипатија кон маќеата. Наскоро почнуваат да се случуваат чудни бизарни настани кои водат до шокантна разврска на настаните.
The Invitation (2016)
Вил оди на вечера во својот поранешен дом. Неговата сопруга исто така го има статусот поранешна, бидејќи е премажена со Дејвид. Како што започнува вечерата, Вил сфаќа дека ова е еден вид стапица за гостите, бидејќи домаќините имаат злосторнички намери кон нив.
https://www.youtube.com/watch?v=k9kJV7c9eKA
Session 9 (2001)
Група работници се најмени да го отстранат азбестот од напуштена ментална институција. Болницата која е затворена повеќе од 15 години наскоро започнува да се буди низ серија на бизарни, необјасниви настани кои почнуваат да ја плашат екипата.
Primer (2004)
Арон и Ејб се пријатели и колеги кои создаваат технологија за тестирање и пронаоѓање грешки. Двајцата сосема случајно ќе креираат нов пронајдок за што мислат дека временска машина.
Ејб прави верзија за која мисли дека може да транспортира човек и ја тестира, но нивната опсесија со пронајдокот ги води до мрачни последици.
Splice (2009)
Клајв и Елса се генетски инженери кои соединуваат ДНК од различни животни со цел да направат моќен хибрид кој ќе се употребува за медицински цели. Но, нештата тргнуваат во погрешен правец кога Елса решава самостојно да внесе промени во експериментот.
(О)Милена | Црнобело