Преценети филмови за кои навистина не ги сфаќаме високите оценки
Dunkirk
Уште еден филм номиниран за оскар, кој покрај визуелните и аудио ефектите не успеа да понуди ништо повеќе.
Филмот кој ја раскажува сагата на група војници (белгиски, француски и британски) кои се во центарот на престрелката со германската војска за време на Втората светска војна ќе ви предизвика напнатост и ќе ве остави исцрпени до самиот крај (секако, доколку имате нерви да го догледате до крајот).
Ова е еден од тие филмови кои се рефлектираат добро само на огромно филмско платно во кино, а никако не го доловуваат ефектот во домашни услови.
Предолг, префален, преценет филм.
The Dark Tower
Акција, авантура и фантазија со класична приказна за борбата помеѓу доброто и злото.
Потенцијалот на двајцата главни актери (Идрис Елба и Метју МекКонахи) беше целосно потрошен, а она што требаше да го лансира универзумот на Стивен Кинг на големото филмско платно стана неуспешен проект поради приказната која е несоодветно доловена за разлика од книгите.
Despicable Me 3
Последниот дел со подлецот Гру е далеку од квалитетот кој го понуди првиот (па дури и вториот) анимиран филм.
Приказната која е како „извадена од ракав“ го следи спојувањето на Гру со неговиот брат близнак Дру, а двајцата се решаваат заедно здружени да го направат последното масовно криминално дело.
Публиката беше прилично поделена, некои тврдат дека процентите повторно успеале да создадат забавно, шармантно и симпатично филмче, додека другите го прогласија за преценет и прилично блед.
The Mummy
Египетска принцеза е воскресната од мртвите која сее терор и сака да завладее со светот и човештвото.
И покрај огромниот буџет кој се потроши на него, филмот е предвидлив, со исклучително неинтелигентно сценарио. Дури ниту Том Круз и Софија Бутела во главните улоги не беа доволни да го поправат очајниот впечаток од ова издание на Мумијата.
Речиси едногласно ќе посакате да го изгледате првиот дел со Брендан Фрејзер и што поскоро да го заборавите овој чуден лош филм.
Justice League
Она што се очекуваше да биде филмски спектакл на годината 2017, едногласно потона во брз заборав.
Едноставно немаше хемија помеѓу супер хероите, а сценариото беше прилично слабо и со многу „дупки“. Бетмен беше скоро целосно „изваден“ од карактерот и со исклучок на претставувањето на Cyborg, Aquaman и Flash, сè друго изгледаше премногу разводнето и монотоно.
(О)Милена | Црнобело