Заплеткани филмови чиј крај остава простор за различно толкување
Sleeping Beauty (2011)
Луси е прекрасна млада студентка која се обидува да заработи малку пари. Одеднаш, таа е вовлечена во чуден изопачен свет на мистериозни желби и навики. Сè што треба да направи за да заработи пари е само да спие. Но, што се случува додека таа е во светот на соништата?
The White Ribbon (2009)
Пред почетокот на Првата светска војна, започнуваат да се случуваат прилично чудни бизарни настани во мало селце во северниот дел на Германија. Тие наликуваат на еден вид карма-казна. Кој стои зад сите овие злокобни настани и казнувања?
The Thing (1982)
Истражувачка екипа со мисија на Антарктикот пронаоѓа целосно уништен камп во кој сите жители се веќе мртви. Не се знае што ги убило ниту пак каде може истото да го пронајдат и уништат, освен доколку не се крие пред нивните очи…
Prisoners (2013)
Кога ќерките на двајца пријатели и соседи исчезнуваат истовремено, едниот од нив решава да ги земе работите во свои раце, односно да ги пронајде и казни виновниците, додека полицијата безуспешно трага по сите нив, и жртвите и злосторниците.
Caché (2005)
Без никакво предупредување, брачна двојка започнува да добива анонимни видео касети пред својот праг кои укажуваат дека некој постојано ги следи и демне.
Касетите се проследени со насилни и злобни, по малку детски цртежи и додека сопругот ги крева рамениците на овие мистериозни пакетчиња, стресот и стравот расте кај неговата жена која започнува да се сомнева дека нешто од минатото на Жорж се враќа за да ги прогонува.
(О)Милена | Црнобело