Филмови идеални за ублажување на ПМС симптомите
„Оној“ период од месецот е тука, кога не знаете дали ви се смее, дали ви се плаче, ви се вика или ви се молчи.
Не знаете дали ви е дојдено до солено или слатко и во потрага сте по нешто кое ќе ве смири и расположи барем малку?
Време е за неколку одлични филмови кои ќе ги ублажат симптомите на здодевниот ПМС:
Goodbye Christopher Robin
Овој неверојатен филм е базиран на вистинска приказна за англискиот автор А.А. Милн и неговото најпознато дело, детските книги за мечето Вини Пу.
Од каде потекнала инспирацијата за книгата која датира од далечната 1926 година? Дејствието е сместено во прекрасните шумски предели во источниот дел на Сасекс, Англија, и целата атмосфера е толку топла и смирувачка, што целосно ќе ве опушти додека не се соживеете со бајката за омиленото мече.
Burlesque
Али е девојка од мало гратче која доаѓа во Лос Анџелес оставајќи го проблематичното минато зад себе. Наоѓа работа како келнерка во бурлеска клуб предводен од страна на позната танчарка која е веќе пензионирана.
Али е талентирана и има прекрасен глас, а со помошта на пријателите од клубот се обидува да се покаже на сцената и да му ја врати старата слава на клубот.
It’s Complicated
Џејн и Џејк се одамна разведени, а откако ќе се сретнат на дипломирањето на нивниот син тие повторно ја обновуваат романсата, иако Џејк е веќе преженат. Џејн сфаќа дека е „другата“ жена во оваа афера која се заплеткува уште повеќе откако архитектот кој ја реновира нејзината кујна се вљубува во неа.
In Your Eyes
Момче и девојка од две различни страни на САД кои никогаш не се виделе во животот се поврзуваат телепатски, што им овозможува да го видат и искусат сè она што другиот го преживува преку нивните очи.
High Strung
Додека се подготвуваат за натпреварот кој има моќ да им го смени животот, почнуваат да летаат искри помеѓу балерина и талентиран виолинист. Очигледно помеѓу нив има многу повеќе освен талентот за музика и танц.