10 филмови со кои ќе ѝ ставите крај на зимската депресија
Имате чувство дека зимата трае 7 месеци? Не сте единствените.
Нетрпеливо одбројуваме до почетокот и расцутувањето на пролетта, а дотогаш треба да се справиме со сивите денови и стушното зимско расположение.
Неколку добри филмови дефинитивно ќе ја завршат работата, а ние имаме 10 одлични предлози за вас:
Инспирирајте се со: Joy
Филм работен според вистинска приказна. Никој не верува во Џој, колку што таа верува самата во себеси. Упорноста ќе ѝ се исплати, бидејќи и покрај сета семејна драма, таа ќе стане иноватор на еден од култните производи за домаќинство и ќе создаде успешна бизнис империја.
Почувствувајте љубов со: Everybody Loves Somebody
Клара е сингл, убава, млада и има успешна кариера. Кога ќе го замоли нејзиниот колега од работа да ѝ прави друштво за време на венчавката на нејзините родители, не очекува дека таму ќе налета на нејзината најголема љубов, поранешното момче кој ја оставил.
Насмејте се добро со: Let’s Be Cops
Двајца најдобри другари ќе се маскираат во полицајци, а преправањето ќе помине прилично уверливо и добро прифатено од страна на околината. Тоа што ќе започне како лажна маска се претвора во реалност во која двајцата глумат вистински полицајци, сè додека не се вплеткаат во опасна игра со опасни мафијаши.
Пуштете некоја солза на: Now Is Good
Млада девојка која боледува од леукемија составува листа на желби што сака да ги исполни пред нејзината смрт. Една од нив е да ја изгуби невиноста пред да го напушти светот во кој живее.
Изгледајте нешто реално со слатки животни: Kedi
Илјадници мачки слободно крстосуваат низ Истанбул стотици години наназад, влегувајќи и излегувајќи од животите на луѓето, давајќи им смисла и среќа на жителите и анимирајќи ги онака како што тоа знае да го направи само една мачка.