10 нови филмови кои одлично ќе ве расположат и насмеат
Се чини дека зимата нема крај, а поради тоа расположението на сите ни е малку опаднато. Но, без очајување, ништо не може да го поткрене духот како добро филмче, многу пуканки и чоколадо.
Доколку немате идеја што да погледнете следно, а сакате да се опуштите и добро да се расположите, ви ги предлагаме следните 10 филмчиња кои ќе ви нацртаат насмевка на лицето:
Happy Death Day
Во овој комичен хорор исполнет со црн хумор, Три е популарна студентка на колеџ која на денот на нејзиниот роденден е убиена од страна на убиец кој носи смешна маска на лицето. Таа го преживува истиот ден, одново и одново сè додека не го открие вистинскиот убиец.
Girls Trip
Четири најдобри другарки повторно се здружуваат 5 години подоцна од нивната последна средба. Друштвото се упатува кон Њу Орлеанс на фестивал, каде што ќе ги откријат сите работи кои им се случиле во животот во меѓувреме, додека лудо се забавуваат.
When We First Met
Ноа случајно запознава девојка на забава со која го има совршениот прв состанок. Но, вечерта завршува со пријателски бакнеж и прегратка.
Кога Ејвери ја прославува нејзината свршувачка со друго момче, Ноа се прашува каде згрешил пред 3 години и наоѓа начин како да се врати во минатото за да ја поправи грешката со девојката за која мисли дека е љубовта на неговиот живот.
Downsizing
Кога научниците откриваат како физички да ги смалат луѓето со цел да го решат проблемот со пренаселување, Пол и неговата сопруга Одри решаваат да му кажат збогум на стресниот начин на животот и проблемите и да се преселат во заедницата на „смалените“ луѓе.
Ingrid Goes West
Ингрид е нестабилна млада девојка која посакува да биде дел од кругот на познати луѓе. Таа ќе се опседне со популарна ѕвезда на Инстаграм и ќе започне да ја следи, сè додека не се инфилтрира во нејзиниот живот како една од најдобрите пријателки.