Романтични филмови со реален крај кој отскокнува од холивудските шаблони
Не секој е обожавател на убаво зашеќерени приказни и краевите коишто завршуваат со: И си живееа среќно засекогаш.
Некои сакаат одвреме-навреме да погледнат убава, но реална љубовна приказна која ќе ја прикаже и темната страна на емоциите.
Доколку сакате романтичен филм кој ќе го избегне шаблонот со сладникав крај скроен по мерка на публиката, време е да ги погледнете следните 10 филмови:
Blue Valentine
Филм кој ја прикажува љубовта на Дин и Сидни низ годините, со сите подеми, падови и турбуленции. На крајот неминовно си го поставувате прашањето – дали љубовта е доволна да се победат сите демони?
(500) Days of Summer
Том е безнадежен романтичар кој силно се вљубува во новата девојка на работа која, за жал, не верува во романтична љубов.
Like Crazy
Студентка од Британија се вљубува во Американец, но откако нејзината виза за престој ќе истече, Ана е принудена да се врати назад во родната земја без него.
https://www.youtube.com/watch?v=4xvU4uHwQEg
Take This Waltz
Страста и љубопитноста на една среќно омажена жена ќе ја разгори уметник кој живее веднаш спроти неа и нејзиниот сопруг.
At Middleton
Двајца тотални странци се заинтригирани еден од друг во текот на еден ден додека се на информативна тура за колеџот каде што сакаат да се запишат нивните деца.