Романтични филмови со реален крај кој отскокнува од холивудските шаблони
The Fault in Our Stars
Хејзел и Гас се двајца тинејџери кои се борат со рак и се запознаваат во група за помош и поддршка кога ќе им се случи љубов на прв поглед.
Roman Holiday
Принцеза која е строго чувана и на која ѝ е прилично здодевно ќе избега од нејзиното обезбедување и ќе се вљуби во американски новинар во Рим.
Blue Is The Warmest Colour
Животот на француската тинејџерка Адел се менува откако ќе ја запознае Ема, девојка со сина коса со која ќе ја открие љубовта. Но, една грешка ќе ги чини премногу двете.
An Education
Џени е одлична ученичка во средно училиште која живее типичен живот во ’60-тите години во предградието на Лондон, а работите почнуваат да се замрсуваат кога го запознава Дејвид, заводник кој е двојно постар од неа.
The Painted Veil
Британски доктор, кој е срамежлив и повлечен, заминува во мало кинеско село во кое владее колера заедно со својата сопруга. Двајцата се заробени во брак без љубов зачинет со неверство.
https://www.youtube.com/watch?v=lv8wXBn87OQ
(О)Милена | Црнобело