Добри глумци, лоши приказни: Филмови кои ни ѕвездената екипа не ги спаси од пропаст
5. This is Where I Leave You
Судејќи по кастингот, предводен од легендарната Џејн Фонда, филмот требаше да биде одличен. Но, ниту кралицата на комедијата Тина Феј, американската миленичка Кони Бритон и перспективниот Адам Драјвер, не беа доволни да го спасат бродот од тонење.
По 100-минутното давење, дури семејството Алтман одново се поврзува и тажи по покојниот татко во стариот дом, повеќето гледачи потајно посакуваат и останатите членови да ги снајде истата судбина.
6. Collateral Beauty
Eкипата ветуваше многу. Промотивните видеа – исто така. Резултатот? Уште еден претенциозен, а ужасно патетичен филм, кој малкумина ги воодушеви.
Вил Смит тагува за починатата ќерка, така што им пишува реторички писма на љубовта, смртта и времето, обидувајќи се во загубата да го открие значењето и убавината на животот. Но, нештата тргаат во непознат правец, тогаш кога Љубовта, Смртта и Времето ќе се појават како луѓе пред негови очи.
Приказната не ги „купи“ критичарите, па го столчија со рецензиите, прогласувајќи го проектот за еден од најлошите филмови во 2016 година. Ни публиката не му беше премногу наклонета, а по премиерното прикажување, проструи веста дека ова е остварувањето со најмала заработка во кариерата на Смит.
7. Aloha
Што кога на актерот ќе му се додели улога за која е сосема несоодветен? Ема Стоун толкува лик на пилот во американската војска, што има четвртина хавајски, а четвртина кинески гени.
Секој што малку подобро ќе ја погледне Ема, веднаш би воочил дека на нејзиното лице не постои ни трага од споменатото потекло. А, ниту најдобрата шминка не е доволна за да се претстави во такво светло. Но, знаете како велат – тоа го има само на филм.
Од друга страна, од Бредли Купер добивате една сентиментална приказна за спасување на домородци. Впрочем, во филмот се испреплетуваат повеќе различни теми, а на крајот, ниту една од нив нема завршница.
8. Town & Country
Наспроти актерските великани кои се појавуваат во него, ова е филмот што и ден-денес се памети како едно од најголемите фијаска во историјата на американската кинематографија. Заработи само 10 милиони долари на светско ниво, а загуби десетпати повеќе.
Се снимаше, преснимуваше и доснимуваше повеќе години, но ништо не го поштеди од дебакл. После филмот, Ворен Бити не се појави на големото платно цели 15 години.
9. How Do You Know
Сега кога е во години, секој филм во кој ќе се појави Џек Николсон предизвикува големо внимание. За жал, секогаш лебди и претпоставката дека можеби тоа му е последното појавување на големото платно, а публиката и понатаму има желба да ужива во неговата маестрална глума.
Сепак, дури ни Џек со своето име не успеа да го извлече овој филм на површината. Критичарите не штедеа пофални зборови на негова сметка, но жестоко ги нападнаа режисерот и продуцентите, прашувајќи се дали сценариото за филмот било напишано во рок од еден ден.
М. А. | Црнобело