Филмски маратон: Нови божиќни филмови кои не треба да ги пропуштите
Ни претстои уште еден продолжен празничен викенд, што значи неколку работи: многу јадење, многу пиење и секако – многу филмови на репертоарот.
Доколку немате идеја што да погледнете викендов, а сакате филмови со магична божиќна атмосфера, ви предлагаме да им дадете шанса на следниве наслови:
Office Christmas Party (2016)
Сестрата на разгалениот Клеј која е главен менаџер на компанијата се заканува дека ќе ја затвори канцеларијата и ќе ги отпушти сите од работа. Клеј добива идеја да ја организира најдобрата божиќна забава на работа и да го импресионира потенцијалниот клиент со цел да го спречи затворањето на филијалата.
A Nutcracker Christmas (2016)
Лили е професионална балерина која се грижи за девојчето од нејзината сестра. Внуката покажува исклучителен талент за балет и наскоро ѝ е понудена главната улога во претставата Оревокршачка. Режисерот на претставата, пак, е поранешното момче на Лили.
Get Santa (2016)
8-годишниот Џулијан живее во сиропиталиште, прилично осамено и дистанцирано од другите дечиња, а потајно сè уште верува во Дедо Мраз.
Кога ќе се соочи со вистината дека директорот на сиропиталиштето всушност се преправа дека е Дедо Мраз, Џулијан губи надеж не само во симболот на Нова година, туку и во себеси. Но, тогаш се случува нешто чудно и Џулијан се наоѓа во еден сосема нов, магичен свет.
I'll Be Home for Christmas (2016)
Џеки е динамична самохрана мајка, асистент на јавниот обвинител која има и повеќе од доволно грижи. Кога нејзиниот татко со кого не се воопшто блиски неочекувано ќе се појави пред нејзината врата, тие се принудени да се соочат со минатото и старите рани.
Girlfriends of Christmas Past (2016)
3 жени ќе ги здружат силите со цел да му се одмаздат на поранешното момче кое ги изневерило сите. Но, Лили го запознава Картер кој е убав и шармантен и започнува да го преиспитува планот, прашувајќи се што е поважно – одмаздата, простувањето или вртењето нова страница во животот и продолжувањето понатаму.