Лоши филмови од 2017 година, кои не би ги гледале повторно
Aftermath
Кратко и јасно: обидот на Арнолд Шварценегер да глуми во сериозна драма, не ги исполни високите очекувања. „Можно ли е да му се смешка награда?“ – беше прашањето при најавата на филмот. „Не!“ – звучеше одговорот по неговото гледање.
King Arthur: Legend of The Sword
Кој ли помисли дека ова е добра идеја? Да се направи нова филмска приказна за кралот Артур, режирана од Гај Ричи, а со Чарли Ханам и Дејвид Бекам во поделбата на улогите?! Да се преосмисли легендата, за да се претвори во акција?! Се чини – ама баш никој, бидејќи филмот беше едно од најголемите промашувања на годината.
Baywatch
Наспроти ѕвездената екипа, која ја предводеа славни имиња како Двејн Џонсон и Зак Ефрон, филмската верзија на популарната серија од ’90-тите, не се прослави претерано на билетарниците. Очигледно, ниту носталгијата не беше доволна причина за маса луѓе да го погледнат овој прилично лош филм.
The Emoji Movie
„The Emoji Movie“ е една гигантска реклама за мобилните апликации, која не сме сосема сигурни дали некогаш требаше да биде направена. Притоа, има ли нешто попоразително, од слушањето на Патрик Стјуарт во улога на емотикон за измет?
Transformers: The Last Knight
За многумина и едно продолжение беше сосема доволно. Петтото, пак, веќе и премногу. Последното остварување се вбројува на речиси сите топ листи за најлош филм на годината. А, по мислење на критиката, во ниту еден миг не се „трансформираше“ во дејство кое е вредно за гледање.
Flatliners
Непотребно. Тоа е најсоодветниот збор кој може да се употреби за правењето римејк на истоимениот филм од 1990 година. И покрај одличниот кастинг на глумци, меѓу кои се Елен Пејџ, Диего Луна и Џејмс Нортон, филмот доби само 5% поддршка на Rotten Tomatoes. Заслужена оценка – ќе се сложат многумина.
https://www.youtube.com/watch?v=K_4gKgj8i54
The Snowman
Што се случи?! Од сите филмови на листата, ова е можеби единствениот за кој никој не ни помислуваше дека ќе киксне. Но, токму тоа се случи. Со недостатокот на тензија, а времетраење од два часа, сѐ што ви преостанува е (барем) да уживате во убавите пејзажи.
М. А. | Црнобело