Лоши филмови од 2017 година, кои не би ги гледале повторно

Никој не сака да направи, а уште помалку да гледа лошо кинематографско дело. Но, се случува, зар не? Кому ниту ѕвездената екипа не му помогна да спаси од пропаст годинава? Во кој филм комичното е трагично? За кого купената карта беше еднаква на промашена инвестиција?

loshi-filmovi-od-2017-godina-koi-ne-bi-gi-gledale-povtorno-1.jpg

Доколку направиме ретроспектива на седмата уметност, заклучокот е дека изминатите месеци имавме прилика да погледнеме низа квалитетни остварувања на големото платно. Од одлични драми и интелигентни научно-фантастични филмови, па до оригинални хорори и забавни суперхеројски акции.

Секако, неизбежно е на репертоарот да се појават и „фијаска“. Очекувано или не, во кино салите се поткраднаа повеќе промашувања, кои што поскоро би ги заборавиле. Кои потфрлија годинава?

Магазинот „Esquire“ одбра тринаесет лоши филмови, кои не ги задоволија критериумите во 2017 година. Наместо да ги разонодат или продуховат, тие залудно им го потрошија времето на гледачите. Па, репризното гледање не е опција. А, ни критиката не им беше благонаклонета.

Во продолжение, дознајте кои се тие и зошто се најдоа на листата:

The Book of Henry

Самохрана мајка одлучува да стане убиец, следејќи го упатството на нејзиниот покоен син, каде тој детално ѝ објаснува како да се ослободи од насилниот комшија. Навистина е тешко да поверувате дека некој продуцент ја одобрил приказната. А, ни лошата глума на Наоми Вотс во главната улога, воопшто не помогна.

Underworld: Blood Wars

Да бидеме искрени. Доколку во новите филмови од серијалот „Underworld “ не глуми атрактивната Кејт Бекинсејл, никој не би ги ни погледнал. Со исклучок на најверните фанови, се разбира(?!). Ако не сте меѓу нив, ова е едно од продолженијата што дефинитивно треба(ше) да ги заобиколите.

Rings

Се сеќавате ли колку првиот „Тhe Ring“ беше оригинален кога се појави? Треба ли да се напомене и дека на сите ни влеа страв во коски? Остварувањето „Rings“, пак, не може да се пофали ниту со едното, а ни другото.

Fifty Shades Darker

Рака на срце, со толку лоша приказна и дијалози, режисерот Џејмс Фоли навистина го направи најдоброто што можеше. Сепак, ни тоа не беше доволно, за „Fifty Shades Darker“ да испадне барем малку погледлив филм.

A Cure for Wellness

Промотивните видеа беа одлични. А, за волја на вистината, не може да му се најде никаква замерка ни на визуелен план. Најмногу чкрипи сценариото. Mлад професионалец е испратен на мисија од неговата компанија во мистериозен „велнес центар“ на швајцарските Алпи. Од  пристигнувањето, пак, делува како да не ќе може да се извлече од таму. Што се случува? Кога дознаваат, повеќето гледачи превртуваат очи.

ChiPs

„ChiPs“ е класична „buddy cop“ комедија, што максимално се обидува биде забавна и смешна, но тоа никако не ѝ поаѓа од рака. Инаку, филмот е адаптација на истоимената серија од ’70-тите и ’80-тите, која ги следи авантурите на двајца полицајци што патролираат по жешкиот асфалт во Калифорнија.

Листата продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg